Nexe - Vardar , SEHA Gazprom League, quarter final match, King Tomislav elementary school hall, Nasice, Croatia, 08.03.2020 Mandatory Credit © Sasa Pahic Szabo / kolektiff

Вардар се намачи во Нашице, но со победа се враќа во Скопје

Екипата на Вардар се враќа со победа од гостувањето кај Нексе со минимални 31:30 откако во меч во кој во најголемиот дел губеше на крајот стигна до триумф. Нексе имаше шанса за реми, но последната акција не беше искористена и Ристовски одбрани, па на крајот Вардар беше тимот што се радуваше.

Од почетокот на средбата домашните тргнаа силно. Премногу лесно доаѓаа до шанса за удар и до погодоци преку пикер каде што одбраната на Вардар се соочуваше со најмногу проблеми.

Таквата игра му остави простор на Пешиќ да дојде до позиција за шут и многу лесно доаѓаше до реализација и биеше без грешка бидејќи и голманите на Вардар не беа најрасположени така што примаа лесни голови.

Нексе имаше 7:4 на средина од првиот дел, а потоа следуваше нешто подобра игра на Вардар, па до крајот на првиот дел беше фатен приклучок. Во завршницата од првото полувреме конечно дојде до стабилизираше и таквата игра овозможи на пауза да се замине со 15:15.

Сепак, факт беше дека одбраната не беше на потребното ниво и дека тука беше причината што на одмор Вардар немаше предност.

Во вториот дел конечно дојде до мало кревање на нивото и во 34. минута дојде до погодок за прво водство од 17:16. Малку потоа Нексе одново се врати во предност и успеа да дојде до дури плус четири. Поведе со 24:20 користејќи ги дупките во одбраната на Вардар. Имаше и 25:21 и 26:22, а тука конено дојде до будење на актуелните шампиони на СЕХА. Дибиров тргна посилно и успеа да ги поведе колегите, а биеше без грешка.

Од 46. до 50. минута Вардар со 4:0 израмни на 26:26 и тука почна подобар развој на настаните. Следуваше гол за гол игра, а потоа во 53. минута Вардар дојде до ново водство од 28:27. Нексе израмнуваше, но на две минути до крајот конечно беа обезбедени плус два гола разлика, 31:29.

Нексе успеа да израмни, а Вардар имаше 30 секунди за напад. Сепак, шутот не беше реализиран, но и Нексе не погоди во последната секунда откако Ристовски одбрани, па средбата заврши со победа на Вардар од 31:30 и овој гол предност ќе значи сигурно многу за реваншот следната недела во Скопје.

НЕКСЕ – ВАРДАР             30:31 (15:15)

НЕКСЕ: Цар (7 одб., 1 сед.), Радовановиќ (1 одб.), Етер 2/2, Милета 2/2, Мрџеновиќ, Баришиќ Јаман 2/6, Думенчиќ, Јелиниќ 3/4, Вида, Северец 3/6, Пешиќ 7/8, Кевиќ 5/6, Томиќ 3/3, Јагањац 1/3, Возаб 2/3, Прибетиќ.

Седмерци: -, Исклучувања: 8 мин.

ВАРДАР: Ристовски (7 одб.), Кизиќ, Стоилов 1/3, Кукуловски, Димитриоски, Карапалевски, Сикошек Пелко, Скубе 6/8, Калараш 2/2, Чупиќ 0/3, Де Толедо 2/3, Дибиров 12/12, Гоброк 4/7, Шишкарев 4/6, Горпишин, Мишевски.

Седмерци: 4/5, Исклучувања: 4 мин.