Вардар се екипира – екс ракометарка е нов физиотерапевт, доаѓа и кондициски тренер

Еден од македонските претставници во Европа, тимот на Вардар, го екипира стручниот штаб за новата сезона.

Покрај Драгана Ристова и Александар Царчев, во стручниот штаб ќе биде и кондицискиот тренер Борис Данески.

Освен Данески, раководоството на ЖРК Вардар ангажираше и поранешна ракометарка на Вардар Јуниор.

Станува збор за Нина Бојаџиска, која што ќе биде физиотерапевт во тимот во следната сезона, во која вардарки ќе се борат на три фронта – Женската лига, Купот на Македонија и Европскиот Куп.