Вардар победи со 17 гола разлика, Тиквеш со втор триумф, Охрид падна во Битола

Комплетирано е второто коло во машката пионерска лига во петте групи, со исклучок на еден натпревар кој беше одложен.

Во групата А, Вардар забележа убедлив триумф над Куманово, додека во групата Б, Охрид беше поразеен на гости кај Еурофарм Пелистер 2.

Алкалоид имаше победничко деби и во оваа конкуренција со победата кај Бутел Скопје, додека Тиквеш стигна до нови бодови откако славеше на гости во Богданци.

Струга не дозволи изненадување во Гостивар, а прилепчани се враќаат со полн плен од гостувањето кај Радовиш.

Пионери, 2 коло, резултати:

Група А
Металург – Бисинов 15-33
Вардар – Куманово 26-9
Голден Арт слоб.

Група Б
Преспа Вардар – Младост Јуниор одл.
Еурофарм Пелистер 2 – Охрид 16-14
Еурофарм Пелистер слоб.

Група В
Рисови – Аеродром 21-18
Бутел Скопје – Алкалоид 19-30
Скопје слоб.

Група Г
Младост Богданци – Тиквеш 16-26
Радовиш – Прилеп 16-19
Вардар Неготино слоб.

Група Д
Јехона – Струга 23-29
Асови Кичево – КЛ7 Струга 14-20
Сани слоб.