Вардар Неготино ја отвори сезоната, најави кандидатура за Супер лига

Покрај тоа што деновиве стартуваа подготовките на неколку екипи кои се натпреваруваат во Супер машката лига, на тренинзи се појавуваат и тимовите кои се дел од прволигашкото друштво. Еден од тимовите кој најавува најсериозна кандидатура за пласман во Супер лигата, Вардар Неготино подновен ги стартуваше подготовките.

Неготинци во новата сезона ќе влезат со поранешниот тренер. На клупата се враќа Никола Филипов познат уште и како Фујка. Тој ќе се обиде со момците да стигне до пласман во Супер лигата, но јасно е дека нема да биде воопшто лесно бидејќи ќе има уште екипи кои ќе сакаат да е најдат меѓу суперлигашите.

Во тимот веќе има пет нови имиња. Дојдоа голманот Кире Димовски, пивотот Перо Пеовски и бековите Илија Грозданов, Лазар Стојанов и Димитар Минов.

Со нив Вардар Неготино станува далеку посериозен кандидат во трката за Супер лига и јасно е дека ова ќе биде интересна сезона и меѓу прволигашите.