Вардар Неготино ја доби прволигашката пресметка со Партизан Гевгелија

Тимот на Вардар Неготино го победи Партизан Гевгелија во пријателски натпревар пред стартот на новата сезона.

Натпреварот се играше во три периоди, еден од 30 минути и два од по 20 минути, а неготинци триумфираа со 14-21.

Тренерите на двете екипи им дадоа шанса на сите ракометари што ги имаат на располагање, но поискусниот тим од Неготино ја однесе победата.

Првата лига оваа сезона исто така ќе се игра во две групи како и лани, а би требало да започне на 25 септември и ќе се игра во забрзан ритам како Суперлигата.