Вардар Неготино со старо-нов стратег ќе брка Суперлига

Тимот на Вардар Неготино, кој ќе биде меѓу главните фаворити за влез во елитата за сезоната 2021/22, го реши тренерското прашање.

По година и пол пауза на кормилото на неготинци се враќа Никола Филипов-Фујка, кој претходно замина поради приватни причини.

Станува збор за искусен стратег кој своевремено ги водеше Повардарие, ВВ Тиквеш, женскиот тим на Кале Кичево, а работеше и во Косово. Негов помошник ќе биде најискусниот ракометар Ратко Вељанов.

Играчкиот кадар се уште не е комплетиран, па неготинци ја продолжуваат потрагата по чувар на мрежата.

Раководството на овој тим планира да го ангажира и кондицискиот тренер Горан Стојановски, кој ќе помогне во физичката подготовка на ракометарите во новата сезона.