Вардар Неготино слави Суперлига!

Ракометарите на Вардар Неготино остварија победа во 17. коло од плеј-офот во Првата лига откако на домашен терен ја совладаа екипата на Аеродром со 25:22 и го потврдиja местото во Суперлигата.

Овој дуел беше од големо значење за гостинскиот тим на кој му беше потребен триумф за да го сочува петото место кое води во Супер лигата. После првото полувреме Вардар Неготино имаше минимална предност од 11:10.

Отпорот на Аеродром траеше до средината на второто полувреме кога тимот од Неготино направи серија од четири гола и поведе со 23:17. Ова беше доволна предност за домашниот тим до крај да забележи победа.

Најефикасен во тимот на Вардар Неготино беше Петре Пеовски со сеудм гола, шест постигна Костадин Петров. Во составот на Аеродром со по седум гола постигнаа Филип Пајкоски и Иван Митревски.