Вардар Неготино лесно се справи со Риниа

Екипата на Вардар Неготино немаше тешка задача во 7. Коло од групата 1 во Првата лига. Пред своите гледачи славеше лесна и убедлива победа над Риниа со 39:25.

Составот од Неготино лесно се справи со противникот кој допатува на гостувањето со само девет ракометари. Од почетокот на мечот домашните беа во водство и имаа контрола во текот на целиот натпревар. На полувреме беше 17:12.

Во продолжението водството породлжи да расте, а ракометарите на Риниа немаа сили за посилен отпор на овој дуел. До крајот Вардар Неготино стигна до многу убедлив резултат и победа од 14 гола разлика.

Најефикасен во тимот на Вардар Неготино беше Ѓорѓи Ташев со 11 гола, додека за составот на Риниа најпрецизен беше Исмаили со десет погодоци.

ВАРДАР НЕГОТИНО – РИНИА 39:24(17:12)

Сала: Св. Кирил и Методиј во Неготино. Гледачи: 500. Методија Илиевски и Михајло Илиевски до Битола. Делегат: Игор Огненов од Битола.

ВАРДАР НЕГОТИНО: Недев, Јефремов, Ташев 11, Трпески 3, Кузманов 2, Ивановски 2, Ставров 1м Трајковски 2, Митевски 2, Ристов, Стаменов 4, Ѓорѓев 4, Трпески 6, Крстев 2, Вељанов, Најдов.

Седмерци: 2/4. Исклучувања: 14 мин.

РИНИА: Сејди, Илиоски 3, Емини 5, Тахировиќ 3, Тушан, Мемеди, Мемеди 2, Идризи 2, Исмаили 10.

Седмерци: 2/4. Исклучувања: 6 мин.