Вардар Неготино ги задржа најдобрите стрелци: Кузманов и Ташев остануваат до 2022 година

Прволигашот Вардар Неготино активно работи на формирањето на ростерот за следната сезона во која се очекува да се бори за место во Суперлигата.

Откако ги договори Лазар Стојанов од Борец Велес и Пере Пеовски од Тиквеш Кавадарци, раководството на тимот од Неготино потпиша нови договори со најдобрите стрелци во тимот.

Средниот бек Драган Кузманов, како и десното крило Ѓорѓи Ташев, кој е кадетски репрезентативец на Македонија, ќе останат во Вардар Неготино најмалку до 2022 година.

Нов договор на една година потпиша и ветеранот Ратко Велјанов, кој има големо суперлигашко искуство во дресот на некогашниот ВВ Тиквеш.

Неготинци заедно со тимот на Аеродром, ќе бидат главните фаворити во новата сезона од Првата лига за место во елитата.