Вардар може да биде елиминиран од ЛШ, но ќе добие премија од ЕХФ!

Европската ракометна федерација на 24 април најверојатно ќе објави дека нема да се  играат осминафиналните и четвртфиналните средби од Лигата на шампионите, а на завршниот турнир ќе играат најдобрите четири екипи од групната фаза.

Тоа значи дека и Вардар и ПИК Сегед ќе бидат елиминирани без да излезат на терен, но и покрај тоа ќе добијат финансиска компензација од маркетинг правата, откако тоа било решено по дискусијата меѓу ЕХФ и Европскиот клупски форум.

„Фондот за солидарност“ би требало да се изнесува 1 милион евра, а таа сума треба да биде поделена еднакво меѓу сите 14 екипи што ја минаа групната фаза во Лигата на шампионите.

И актуелниот европски шампион Вардар ќе учествува во поделбата на финансискиот колач и би требало да добие околу 73.000 евра.