Вардар лесно ја реши Струга, со максимален број бодови во битка за титула

Македонскиот шампион Вардар го заврши регуларниот дел од сезоната во Суперлигата со максимален број на победи и па со три бода во плеј-офот ќе влезе во битка за одбрана на титулата, откако славеше на гости кај Струга со 34-23.

Вардарци отворија со водство од 5-1 и понатаму беше лесно да се одржува и зголемува предноста. Стружани на два пати се доближија на минус два, но немаа сили за нешто повеќе.

Репрезентативците Талески и Манасков си ја завршија својата работа и со девет гола во првиот дел (од 16 на тимот) го доближија Вардар кон нова победа. На паузата „црвено-црните“ водеа со 16-10.

Гостите постигнаа два гола на стартот на второто полувреме за 18-10 и веќе беше јасно каков тек ќе има овој натпревар, па двајцата тренери Недановски и Ферукоски се обидоа да им дадат шанса на сите од клупата.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Моралес, Талески, Чувара и Манасков со по пет погодоци, додека кај Струга се истакнаа Цветаноски со седум гола.

Во февруари, во плеј-офот Вардар ќе има одлична позиција со три бода, додека ист ќе биде и случајот со Струга, која ќе пренесе три бода, но во разигрувањето за опстанок во суперлигашката конкуренција.