Вардар и Еурофарм Пелистер нема да играат дуели од СЕХА меѓу осминафиналињата во ЛШ и ЛЕ

Откако стана јасно дека Вардар и Еурофарм Пелистер ќе играат во осминафиналињата на Лигата на Европа и Лигата на шампионите, распоредот во СЕХА претрпе промени.

Со оглед на тоа што кога ќе се играат натпреварите во европските купови, двете екипи треба да играат и меѓусебе во македонското првенство, дел од натпреварите во регионалната конкуренција мораше да добијат нови термини.

Осминафиналето во Лигата на Европа се игра на 23 и 30 март, додека во Лигата на шампионите на 31 март и 7 април.

Кај битолчани еден меч од преостанатите три во СЕХА има промена. Дуелот со Загреб што требаше да се игра на 25 март во Битола е презакажан за 13 април, додека оние со Металопластика во Шабац и со Татран во Прешов, ќе се играат на 18 март и 3 април.

Кај вардарци два меча имаат променет термин. Дуелот со Мотор Запорожје во Скопје што требаше да се игра на 19 март, ќе се игра ден подоцна, а оној со Нексе во Нашице што требаше да се игра на 24 март, ќе се игра на 17 март. Натпреварот со Војводина во Нови Сад ќе се игра на средината на април.

Меѓусебното соочување на нашите претставници во европските купови и во регионалната СЕХА лига ќе се игра на 27 март во Скопје.