Вардар и Еурофарм Пелистер во вечерни термини ќе се борат за Ф4

Две македонски екипи ќе имаат шанса да ја продолжат низата на учества на нашите тимови на завршните турнири во регионалната СЕХА лига.

Вардар ќе се соочи во четвртфинален двомеч со хрватскиот Загреб, а првиот меч ќе се игра во СЦ „Јане Сандански“ на 26 август од 20:15 часот. Реваншот е на 31 август во Загреб.

Еурофарм Пелистер ќе се бори за Ф4 против белорускиот Мешков Брест. Првиот меч ќе се игра во Битола на 21 август од 20:15 часот, додека реваншот е на 29 август во Белорусија.

Во другите два двомеча ќе играат Татран Прешов против Мотор Запорожје и Нексе против Веспрем. Завршниот турнир ќе се игра од 3 до 5 септември во Задар, а досега секогаш имало македонска екипа на Ф4.