Вардар има и трето десно крило, потпиша и младиот репрезентативец Ќосевски

Репрезентативецот на Македонија во младинска конкуренција, Ален Ќосевски ќе биде третиот ракометар на позицијата десно крило кој во новата сезона ќе го носи дресот на „црвено-црните“.

Ќосевски, кој и минатата сезона настапуваше за првата екипа, но беше дел и од Вардар јуниор доби договор со 2022 година така што тој ќе биде во конкуренција за позицијата со староседелецот Иван Чупиќ и засилувањето Гоце Георгиевски.

Се работи за тројца квалитетни играчи, а Ќосевски ќе има од кого да учи во новата сезона.

Инаку, во тимот на Вардар во новата сезона ќе има поголем број на ракометари од Македонија, па сите ќе се обидат да се наметнат и да обезбедат место во екипата.

Ќосевски е играч кој во минатата година играше на Светското првенство за кадети и ракометар пред кого има убава иднина.