Вардар избега од Веспрем

Ракометарите на Вардар загубија на гостувањето во Нови Сад од српскиот шампион Војводина со убедливи 33-24 и го освоија третото место во групата Б од регионалната СЕХА лига. Тоа значи дека ќе мораат преку осминафинале со Металопластика и четвртфинале најверојатно со Загреб да го бараат своето место на завршниот турнир во Задар во септември.

Тренерот Алушовски го стартуваше мечот со најдобрата постава, вардарци на два пати водеа со 3-5 и 6-8, и тука застанаа. Потоа се беше во знакот на домашните, кои очигледно беа решени да стигнат до триумф против десеткуваниот Вардар без 11 првотимци.

По 11-10 во 21 минута, македонскиот тим до крајот на полувремето не успеа да постигне ниту еден погодок, а Војводина ги казнуваше сите грешки и успеа да обезбеди солидни плус шест на пауза, 16-10.

На стартот на вториот дел српскиот првак стигна и до плус девет, 22-13 и веќе беше јасно каков натпревар ќе гледаме до самиот крај. Шанса за настап добија дел од младите ракометари во составот на Вардар, но сепак поразот беше неизбежен.

Најдобри стрелци кај Вардар беа Дибиров со девет и Јотиќ со четири, а првенец постигна и десното крило Трајановски, додека кај Војводина се истакна Томиќ со седум гола и голманот Арсениќ со 19 интервенции.

Следен предизвик за Вардар ќе биде осминафиналниот двомеч со Металопластика во месец мај.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ВОЈВОДИНА00000
2НЕКСЕ00000