PPD Zagreb vs Vardar 1961, Zagreb, Croatia, 31.08.2021, Mandatory Credit © Sasa Pahic Szabo / Sasa Pahic Szabo / kolektiff

Вардар загуби, но оди во Задар – По десетти пат ќе игра на Ф4 во СЕХА

После тешка средба во која Вардар имаше тежок финиш во кој беа искомплицирани работите на реваншот против Загреб, поразот од 22:25, сепак, беше доволен за успех бидејќи плус четирите гола од првата средба беа доволни за пласман во полуфиналето.

Oд почетокот на натпреварот и двете екипи се обидуваа да создадат предност која ќе даде можност за помирен тек на средбата. Вардар почна со 3:1, после шест минути игра, но потоа за три минути прими три гола. Следуваше период на игра во која имаше малку голови. Загреб немаше шест минути гол, а Вардар постигна три и поведе одново со два погодока, 6:4.

До крајот на првиот дел од натпреварот немаше промени во однос на играта бидејќи и понатаму имаше периоди на добра игра на двете страни. Загреб повторно имаше плус три откако во 25. минута поведе со 10:7. Овие три гола ги одржуваше буквално до последните секунди од првото полувреме. Сепак, Тото во последната секунда ги постави конечните 12:10 за Загреб на одмор.

Вториот дел донесе почеток со многу подобра игра за Вардар. Серијата од 4:0 донесе плус два во 38. минута, но ова траеше кратко бидејќи тимот на Загреб успеа брзо да израмни.

Вујовиќ ризикуваше и често играше 7 на 6. Ова на моменти носеше резултат, но на моменти не го даваше најдоброто. Сепак, Вардар остана долго во предност од еден до два гола, а Загреб се трудеше да намали. Во 51. минута бее 20:18 за Вардар, а потоа домашните израмнија.

На пет минути до крајот на средбата Загреб успеа да поведе со 22:21, а потоа серијата продолжи за уште еден гол за 23:21 во 56. минута и тука беше јасно дека ќе мора да се поправаат работите за да не се до тешка позиција иако веќе беше јасно дека Загреб мора до разлика од пет гола за пласман на Ф4.

Без потреба средбата беше донесена во неизвесност, а на Загреб му беше оставена шанса за да се пласира во Задар. Место со мирна игра беа направени две грешки после кои Загреб дојде до 24:21 и до пенал на 45 секунди до крајот од средбата.

Домашните постигнаа гол за 25:21, но потоа после бркотницата низ целиот терен Тото беше најприсебен и погоди за 25:22 така што на крајот Вардар беше тимот кој се радуваше на пласман на Ф4 турнирот во Задар.

ППД ЗАГРЕБ – ВАРДАР                25:22 (12:10)

Сала: „Сутинска врела“ во Загреб. Судии: Борис Мандак и Марио Рудински од Словачка. Делегат: Петер Дворски од Словачка.

ППД ЗАГРЕБ: Ивиќ (5 одн.), Славиќ, Шипиќ, Вистороп 2/4, Чавр 1/1, Мандиќ 4/5, Кларица 0/1, Гојун, Срна 3/6, Муса 3/4, Матановиќ, Чупиќ 3/7, Хрстиќ 1/4, Обрановиќ 4/6, Лејметер 4/5, Граховац.

Седмерци: 2/3, Исклучувања: 2 мин.

ВАРДАР: Томовски (11 одб., 1 сед.), Ристовски, Сафар, Стоилов 3/4, Валчак 1/1, Моралес 1/1, Георгиевски 2/3, Дијало 1/1, Чувара, Гурбиндо 0/2, Тото 4/4, Гаџа 2/4, Талески 3/5, Дибиров 5/6, Кудуз, Мишевски.

Седмерци: 1/1, Исклучувања: 4 мин.