Вардар – Загреб ќе се игра пред 1.000 гледачи во СЦ “Јане Сандански”!

Ракометарите на Вардар вториот официјален натпревар оваа сезона ќе го одиграат против Загреб во осминафиналето од регионалната СЕХА лигата.

Натпреварот ќе може да го следат најмногу 1.000 гледачи, па после долго време ќе има поголем број публика во СЦ “Јане Сандански”.

“Имаме и некои ресттрикиции кои не се додефинирани, но ќе има контрола на сите влезови, но ќе може да присуствуваат максимум 1.000 гледачи во СЦ “Јане Сандански”, а влезот ќе биде бесплатен. Се надевам дека навивачите се желни за ракомет и ќе дојдат да не бодрат. Влезот ќе биде овозможен само со лични карти, сертификат за вакцинација најмалку прва доза, или со доказ дека е прележан Копвид во последните 45 дена. Наскоро ќе пуштиме во продажба сезонски билети под истите овие услови што ќе важат за натпреварите во Суперлига, СЕХА лига и во Лигата на шампионите”, вели  претседателот Михајло Михајловски.

Натпреварот меѓу Вардар и Загреб ќе се игра на 26 август со почеток во 20:15 часот.