Вардар донесе уште еден лев бек

Тимот на Вардар ја најде замената за репрезентативката Андреа Седлоска, која се пресели во хрватската Локомотива Загреб.

Левиот бек Михаела Лазаровска е најновото име во „црвено-црниот“ состав предводен од Драгана Ристова.

Лазаровска, која претходно настапуваше за Гевгелија и за Спартак Кисела Вода е четвртото засилување за вардарки.

Претходно за „црвено-црниот“ тим потпишаа бековите Стојановска, Цветковска и Попова.

Женската лига започнува на 19/20 септември, а вардарки во првото коло ќе играат против Стружанка на гостински терен.