Вардар го чека пекол во Битола – билетите за дербито распродадени за 15 минути!

Нема повеќе билети за големото дерби на македонскиот ракомет меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар што ќе се игра в недела.

Билетите беа пуштени во продажба точно на пладне, но беа продадени за петнаесетина минути и јасно е дека Вардар го чека полна сала.

Битолскиот тим е во предност по триумфот во Скопје со 24-23, па и реми ќе му биде доволно за титула, додека вардарци мора да бркаат победа.

Секако ова под услов, двете екипи да слават на останатите три средби до крајот на суперлигашкиот плеј-оф.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар се игра в недела на 1 мај во „Боро Чурлевски“ со почеток во 19:00 часот.