Вардар го преживеа битолскиот вулкан, на чекор до нова титула!

Македонскиот шампион е само на чекор до одбрана на титулата во Суперлигата, откако славеше на гостувањето во Битола против Еурофарм Пелистер со 23-26. Иако домашните беа во игра до самиот финиш, сепак во клучните моменти на крајот вардарци ги реализираа своите шанси и сега им останува уште да победат на последните три меча од плеј-офот за официјално да ја одбранат титулата. Вардар сега има 23 бода, а Еурофарм Пелистер бод помалку.

Според очекувањата на стартот се играше гол за гол. Двете екипи се менуваа во водството, но ниту една не поведе со повеќе од два гола разлика, иако имаа и напади да го сторат тоа.

Дибиров искористи еден отпадок за 6-7, а вардарци за првпат поведоа со плус два гола, 6-8 по 17 минути игра. Тоа значеше тајм-аут за домашниот стратег Жељко Бабиќ, кој не сакаше уште во раната фаза гостите да направат висока предност.

Пелистерци не го реализираа следниот напад, па Вардар казни за највисоки плус три, 6-9. Маркоски погоди за 8-10, а потоа Томовски запре зицер на домаќините. Одбиената топка дојде до пелистерци, кои преку Обрадовиќ стигнаа до минус еден, 9-10.

Секељ запре два напади на Вардар и неговите соиграчи веќе беа во напад за водство на минута и пол до крајот на полувремето. По тајм-аутот на Бабиќ, неговите играчи погрешија во нападот и Вардар тргна да го врати водството. Капитенот Стоилов не погоди од зицер, но затоа Обрадовиќ го направи тоа на спротивната страна од голема далечина за 11-11 на пауза.

На стартот на вториот дел Ристовски му запре пенал на Мандалиниќ, па Вардар ја врати предноста на своја страна, 12-14. Битолчани реализираа три пати по ред за 15-14, но Талески набрзина донесе реми, 15-15. Повторно почна играта гол за гол.

Секељ му запре пенал на Дибиров, но и неговите соиграчи погрешија, па Вардар одново водеше со плус два 19-21. Ристовски запре зицер на Маџовски, но вардарци не погодуваа, па Еурофарм Пелистер не само што стигна до реми, туку и поведе преку Граџан со 22-21 на седум минути до крајот.

Вардар на три минути до крајот преку Моралес зголеми на 22-24 и Бабиќ мораше да бара тајм-аут. Мандалиниќ погреши во следниот напад и „црвено-црниот“ тим веќе беше на плус три, 22-25.

Обрадовиќ набрзина намали на 23-25, но се повреди, па следуваше мал прекин кога Комити ја напуштаа салата. Продолжи мечот, Вардар погреши, но истото го направи и домаќинот, па немаше веќе дилеми околу победникот.

Кај вардарци најдобар стрелец беше Моралес со десет гола, Талески даде шест, додека Ристовски забележа осум одбрани. Секељ имаше 12 одбрани, а најдобар стрелец во Еурофарм Пелистер беше Обрадовиќ со пет, а Граџан даде четири.

До крајот на плеј-офот, Вардар ќе игра против Еурофарм Пелистер 2 и Тиквеш дома, а ќе му гостува на Бутел Скопје, додека битолчани ќе го пречекаат Бутел Скопје, а ќе гостуваат кај Охрид и Еурофарм Пелистер 2.

1 мај 2022
23 - 26
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
1 мај 2022 19:44 ПЛЕЈ ОФ СУПЕРЛИГА 2021/2022 01.05.2022 60'

Место

Спортска сала „Боро Чурлевски“

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР1123Пораз
ВАРДАР 19611126Победа

ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Филип Ивановскиголман00
2Матео Марашдесен бек03
3Гоце Ојлескилево крило00
4Никола Маркоскипивот12
6Бојан Маџовскилево крило00
7Дејан Кукуловскилев бек00
9Стипе Мандалиниќлев бек03
12Мартон Секељголман00
13Мирко Радовиќдесен бек01
14Марио Танкоскицентрален бек02
19Ненад Костескидесно крило00
32Јосип Божиќ Павлетиќдесно крило02
59Елмир Граџанпивот04
74Немања Обрадовиќцентрален бек05
97Рение Табоадацентрален бек01
98Марко Кизиќголман00
 Вкупно 123

ВАРДАР 1961

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Борко Ристовскиголман00
5Стојанче Стоиловпивот03
6Оливие Њокаслев бек00
8Јоел Куни Моралесдесен бек09
9Гоце Георгиевскидесно крило03
11Мартин Карапалевскицентрален бек00
12Мартин Томовскиголман00
13Дијало Бакарилев бек00
21Давид Савревскидесен бек00
22Жереми Тотопивот10
28Филип Талескилев бек06
31Тимур Дибировлево крило03
44Стефан Додиќцентрален бек02
45Дарко Ѓукиќдесно крило00
92Костадин Петровпивот00
97Марко Мишевскилев бек00
 Вкупно 126

Officials

Судии:Делегат:
НАЧЕВСКИ ЃОРЃИ
НИКОЛОВ СЛАВЕ
КАМИШЕВСКИ ДУШКО
МЕТАЛАРИ КАМЕР
ПозЕкипаНПРЛБ
1ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР550017
2ОХРИД540114
3ВАРДАР 1961530212
4АЛКАЛОИД530212
5ТИКВЕШ 2014530210
6БУТЕЛ51044
7ПРОЛЕТ51043
8СТРУГА50050