Вардар го доби и второто дерби – го сруши Металург!

Тимот на Вардар по триумфот над Ѓорче Петров во првото коло, славеше и над уште еден од ривалите за титула во Женската лига. На домашен терен беше совладан тимот на Металург со….

Домашните ракометарки по 2-2 се одлепија на плус пет, 9-4, беше и 12-7, но гостинките од Автокоманда намалија на 12-10. Повторно се зголемија нивните грешки, па следуваа казни од вардарки за ново водство од плус пет, 17-12.

Сепак до крајот на полувремето, избраничките на Јуле Дамчевска успеаја да намалат на 18-16. На стартот на вториот дел со головите на Гугуљанова и Трајковиќ беше 18-18, па се мораше да почне одново.

Следуваше период на грешки на двете страни и неколку голмански интервенции, а Металург успеа да поведе за првпат и во 45. минута беше 18-20. Низата од четири гола на гостите ја прекина Диневска, која погоди за 19-20.

Беше и 21-23 во 51. минута и тука тимот од Автокоманда застана. Одличната одбрана на вардарки во финишот и четири реализации во голот на Металург, беа доволни за голема радост и пресврт победа со 25-23.

Најдобри стрелци кај Вардар беа Михаела Стојановска со седум и Трпевска со шест гола, додека кај Металург се истакна Трајковиќ со седум погодоци.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЃОРЧЕ ПЕТРОВ12120036
2СТРУЖАНКА1270521
3ОВЧЕ ПОЛЕ С. У.1270521
4АСТИБО123099
5ДЕСПИНА123099