Вардар води на полувреме во Белорусија, има гол предност против Мешков

Ракометарите на Вардар имаат предност од 13:12 после првите 30 минути во Белорусија. Имаа за нијанса подобро полувреме од противниците и имаат гол позитива на одмор, па во вториот дел ќе се обидат да останат во позитива.

Уште од почетокот мечот влезе во неизвесност. Домашните поведоа со голот на Шкурински, но Вардар врати брзо преку Кристопанс и Дибиров. Имаше постојани промени. Речиси редовно имаше по два гола на двете страни, но ниту еден тим не успеа да направи предност поголема од еден гол.

Така се играше постојано некаде до 20. минута, кога се стабилизира резултатот. Тука веќе се играше гол, за гол, а после 11:11 вардарци дојдоа првпат до два гола плус. Стоилов и Атман донесоа 13:11 на две минути до крајот од првото полувреме.

На ова домашните вратија со погодок, а Вардар доби шанса да нападне во последната минута, но немаше гол после тајм-аутот. Мешков Брест го имаше последниот напад, но и домашните не искористија, па на одмор Вардар замина со водство од 13:12.

Стоилов со пет гола и Атман со три се најефикасни во Вардар. По два постигнаа Кристопанс и Дибиров, додека еден гол има Скубе после 30 минути игра во Белорусија. Во редовите на Мешков Брест најефикасен е Шкурински со пет гола.