Вардар со четири пивоти, но без Ристовски и Јотиќ на мегдан на Мешков Брест (ФОТО)

Тимот на Вардар вечерва ќе го одигра последниот натпревар од групната фаза во Лигата на шампионите.

Ривал ќе биде белорускиот првак Мешков Брест, кој дојде во Скопје без Јуринок и Шкуринскиј.

Во Вардар ќе недостигаат трет натпревар по ред голманот Борко Ристовски и средниот бек Ловро Јотиќ, а надвор од ростерот исто така е Марко Мишевски.

Натпреварот меѓу Вардар и Мешков Брест се игра вечева во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 18:45 часот.