Вардарци со пласман на Ф4 му го честитаа роденденот на претседателот Михајловски

Ракометарите на Вардар денеска загубија од Загреб со 22:25, но и покрај овој пораз тимот на Вардар се пласираше на завршниот турнир во СЕХА што е десетто учество за „црвено-црните“.

Овој пласман на Вардар на Ф4 беше и честитка за претседателот на клубот Михајло Михајловски, кој утре има роденден. На тој начин ракометарите му овозможија убава роденденска честитка на првиот човек на клубот.

Михајловски се врати во Вардар откако го имаше предадено клубот на Самсоненко и сега ќе може одново со момците да се радува на ново учество на Ф4 и борба за трофејот.

Вардар е единствениот тим кој има учество на претходните девет Ф4 турнири, а ќе игра и на овој кој од петок до недела ќе се одржи во Задар. Инаку, Вардар пред десет години во Хрватска го освои првиот трофеј во СЕХА лигата. И тогаш Михајловски беше на претседателската позиција, а Веселин Вујовиќ тренер на Вардар.