Вардарци се „острат“ за Нексе (ВИДЕО)

Ракометарите на Вардар в сабота ќе го одиграат реванш четвртфиналниот натпревар од регионалната СЕХА лига против хрватскиот Нексе.

Избраниците на Стевче Алушовски имаат предност од еден гол од првиот дуел во Нашице, откако славеа со 31-30.

Без капитенот Стојанче Стоилов, кој е во изолација по позитивниот тест на коронавирус, „црвено-црните“ се подготвуваат за саботниот дуел.

На денешниот тренинг се загреваа со популарната „топка пластика“…