Вардарци и понатаму се најпопуларни, Дибиров број 1 во СЕХА според фановите (ФОТО)

Ракометарите на Вардар и понатаму имаат голема популарност кај фановите особено оние во СЕХА лигата што е доказ и гласањето на социјалните мрежи.

Во една анкета направена од страна на СЕХА лигата на Фејсбук, Тимур Дибиров успеа да се најде на првото место и тоа со огромна предност во однос на конкуренцијата. Како ривали ги имаше Симон Разгор (Мешков Брест), Страхиња Станковиќ (Војводина) и Блаж Благотиншек (Веспрем).

Дибиров е играч кој е меѓу најтрофејните во СЕХА лигата и меѓу оние кои имаат најголем број на настапи, а секако е и еден од милениците на навивачите.