Вардарки се прошетаа низ Свети Николе

Ракометарките на Вардар имаа успешно гостување кај екипата на Овче Поле СУ и славеа рутинска победа со 30:23 во 19. коло од Женската лига со која го одржуваат приклучокот со Металург.

Уште на почетокот готинските ракометарки ја најавија победата, натпреварот го отворија со 6:1 и во продолжение имаа целосна контрола на играта и резултатот. На полувреме Вардар имаше предност од 15:9.

Второто полувреме беше формалност, екипата на Овче Поле СУ немаше шанса да ја намали негативата и да стигне до изненадување. Вардар рутински го приведе натпреварот до крај и запиша планирани бодови.

Најефикасни во тимот на Вардар беа Марија Гелевска со седум гола и Бојана Диневска со шест погодоци. Во екипата на Овче Поле СУ се истакнаа Елена Вучевска со осум гола и Марија Анчева која погоди шестпати.

СУПЕР ЖЕНСКА ЛИГА – ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЃОРЧЕ ПЕТРОВ19181055
2МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА19161249
3ЧАИР19161249
4КУМАНОВО19150445
5ВАРДАР19141443
6СТРУЖАНКА1991928
7ПЕЛИСТЕР 20121991928
8СКОПЈЕ19721023
9ДЕСПИНА19611219
10СПАРТАК19511316
11ОВЧЕ ПОЛЕ С. У.19431215
12АСТИБО19401512
13ШАМПИОН1921167