Вардарки за петнаесет минути ја решија Стружанка

Ракометарките на Вардар имаа лесна задача во 9. коло од плеј-офот во Женската лига и на домашен терен остварија убедлива победа против екипата на Стружанка со 33:15.

Уште од самиот старт Вардарки доминираа на теренот и веќе после петнаесетина минути игра го решија победникот. После 2:2 направија серија од 13:1 за огромно водство од дванаесет гола разлика.

До полувремето Стружанка успеа да намали и губеше со девет гола, 16:7. Но и во продолжението гостите немаа сили за поголем отпор, Вардар без проблеми го водеше мечот кон победа. На крајот остварија многу убедлив триумф со кој за момент ќе се искачат на втората позиција на табелата.

Најефикасна во победничкиот тим беше Ивона Трпевска со седум гола додека шест постигна Бојана Коцева. Во тимот на Стружанка најпрецизна беше Теодора Маркоска со пет гола, а четири постигна Далипоска.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЃОРЧЕ ПЕТРОВ14121137
2КУМАНОВО14101331
3ЧАИР14100430
4ВАРДАР1481525
5ПЕЛИСТЕР 20121442814
6СТРУЖАНКА1411124
7ОВЧЕ ПОЛЕ С. У.1411124