Вардарец утринава доби место на конечниот список за ЕП, а вечерва доби позитивен тест

Ракометарите на Вардар, Патрик Валчак и Јан Чувара утринава се најдоа на конечниот список на селекцијата на Полска, откако селекторот Патрик Ромбел ги вброи меѓу 18-те играчи што треба(ше) да настапат на шампионатот, но левото крило сепак нема да игра на ЕП.

Доцна вечерва полската федерација информираше дека петмина ракометари добија позитивни резултати на корона тестови и нема да играат, а Ромбел веднаш повика замени.

Меѓу заразените се наоѓа и левото крило на Вардар, Чувара, па единствен вардарец што ќе заигра за полската репрезентација ќе биде кружниот напаѓач Валчак.

Полска ќе има голем предизвик така што ќе биде доста интересно против селекциите на Германија, Австрија и Белорусија во Групата Д.

Оваа група се игра во Словачка во Братислава, а во составот на Полска се најдоа: Ариел Пјетрасик, Аркадиуш Морито, Бартоломеј Бис, Камил Шипжак, Мациј Гебала, Мациј Пилитовски, Матеуш Корнецки, Михал Дачек, Михак Олејничак, Патрик Валчак, Пјотр Јердашчук, Пжемислав Крајевски, Мелвин Бекман, Миколај Чаплински, Кшиштоф Комаржевски, Мациј Зарзицки, Матеуш Жембрицки и Симон Сичко.