Валчак: Вардаровите фанови се фанатици, едвај чекам да играме пред публика!

Новиот вардаров ракометар, Патрик Валчак, атмосферата која ја има во СЦ “Јане Сандански”  ја гледал само на видео, а за хемијата која постои меѓу тимот и навивачите слушал само од новите соиграчи. Затоа Полјакот во разговор за 24ракомет потенцираше дека со нетрпение го очекува моментот кога ќе може да се играат натпреварите со публика.

“Се уште го чекам моментот кога арената ќе биде отворена за фановите и кога ќе може да ја почувствувам атмосферата. Според пораките кои ги добив, но и она што сум го гледал на видео јасно ми е колку е силна врската и колку голема хемија има меѓу навивачите и екипата. Но ништо од тоа не може да се спореди со атмосферата во салата. Тоа ќе го чекам со нетрпение. Немав шанса со Келце да дојдам во Скопје. Имам играно во Франција, Германија и во Келце, секако, салите се полни, но со фановите на Вардар е поинаку. Тие се посебни навивачи, фанатици, живеат со тимот и како и тие да играат на терен. Таков впечаток имам иако тешко ми е да направам реална споредба со нешто, затоа што уште не сум го почувствувал, само сум го видел. Со нетрпение го чекам тој момент.“

Комплетното интервју со Валчак може да го прочитате на следниот ЛИНК.