Валтер: Фативме добар ритам, сакаме да донесеме бодови од Данска

Ракометарите на Еурофарм Пелистер се враќаат на обврските во Лигата на Европа, каде ги чека гостување во Данска кај Скандерборг Архус.

Тренерот Ларс Валтер вели дека неговите ракометари фаќаат добар ритам и посакува победа во неговата татковина.

„Последните два дена работиме со добар ритам и момците кои беа надвор од тимот почнуваат да го фаќаат тој ритам. Видливо беше дека ни недостига такво темпо на претходните два натпревари. Против Нексе беше нешто подобро, но мора уште малку да се подобриме. Овој викенд работевме одлично и тоа веќе изгледа солидно. Патуваме во Данска со подигната глава, сакаме да одиграме добро и да донесеме бодови од таму“, вели Валтер.

Данецот се осврна на квалитетот на данска лига и поразот на Архус на последниот натпревар.

„Квалитетот на данската лига е неверојатен. Викендов Архус загуби од вториот најслаб тим во лигата и тоа покажува дека секој тим може да освои бодови против секого во данското првенство. Сепак, Архус Скандеборг игра добра сезона досега, се наоѓа на шестото место, но тимот има падови и подеми. Наша цел е да ги фатиме во пад во вторник. Брзи се, треба да го сопреме нивниот контра напад. Околу 30% од головите ги постигнуваат од контра напади и не треба да ги правиме истите грешки како на последните два натпревари. На тренинг напорно работиме да ги сведеме на минимум техничките грешки. Тоа ќе го направите само ако го следите тактичкиот план и баш тоа се обидуваме да го сториме“, изјави Валтер.

Натпреварот меѓу Архус и Еурофарм Пелистер се игра утревечер од 18:45 часот.