Валтер: Промашивме многу зицери

Еурофарм Пелистер загуби од Фуксе Берлин со 43-34 во натпревар од третото коло во Лигата на Европа.

Тренерот на битолчани, Ларс Валтер, вели дека проблемите со враќањето во одбрана беше голем проблем и не се случува првпат.

„Добро го отворивме натпреварот, но потоа имавме големи проблеми со враќањето во одбрана. Ова ни се случува вторпат оваа сезона, а за да не ни се случи повторно мора да извлечеме поуки. Ми се допадна како одигравме во вториот дел. Не се предававме и со оглед на тоа што во ростерот ни фалат неколку ракометари, а се повреди и Сери, одлично го одработивме тој дел од натпреварот. Нивниот голман одбрани многу топки, но и ние промашивме многу зицери“, изјави Валтер.

Следен предизвик за битолчани ќе биде гостувањето кај составот на Мотор Запорожје во Германија.