Валтер: Нѐ „уби“ одбраната на Војводина, ритамот ни е пореметен!

Екипата на Еурофарм Пелистер загуби на гостувањето кај составот на Војводина со 29-24 во првото коло од новата сезона во регионалната СЕХА лига.

Пелистерци потфрлија во второто полувреме, во кое Војводина дојде до поубедлива предност и рутински ја одработи денешната задача.

Тренерот на Еурофарм Пелистер, Ларс Валтер како клучен фактор за денешниот пораз во Нови Сад ја истакна убиствената одбрана на домаќинот.

,,Агресивната 6-0 одбрана на Војводина ја „уби“ нашата флуидност. Од таа агресивност не можевме да напаѓаме како што планиравме. Не трчавме многу без топка и покажавме физичка инфериорност. Сепак, тоа е заслуга и на нашиот противник. Не работевме комплетни овој месец и ритамот ни е пореметен. Но, нема изговори, загубивме од подобар тим и треба само да работиме за да се подобриме”, изјави Валтер.

Еурофарм Пелистер во следното коло ќе гостува кај хрватскиот вицепрвак Нексе Нашице.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Нексе ќе се одигра на 2 февруари, со почеток од 18:00 часот.

Пелистерци стартуваа со пораз во СЕХА лигата!