Валтер: Архус е квалитетна екипа, но ние одиме на победа

Екипата на Еурофарм Пелистер утре на домашен терен ќе ја започне европската авантура.

Прв ривал на битолскиот тим во рамки од 1. коло од Лига на Европа ќе биде екипата на Архус од Данска.

Тренерот на Еурофарм Пелистер, Ларс Валтер имаше пофални зборови за ривалот на пелистерци, истакнувајќи дека не треба да се потценат, иако во данскиот шампионат не котираат многу високо на табелата.

,,Ако го гледавте натпреварот против Пролет, не сме баш спремни за Европа, затоа што игравме екстремно лошо. По десет дена без шест репрезентативци малку нарушен ни е ритамот, па затоа работиме денес и утре да се поправиме. Веќе денес тоа изгледа подобро и наша цел во вторник е победа. Видов многу натпревари на Архус оваа сезона. Не знам дали имаат проблеми, затоа што загубија многу натпревари со еден-два разлика. Во Данска секој од шеснаесетте екипи во Првата лига може секого да победи. Можеби имаат премалку бодови, но тие се добра екипа. Играа многу брзо и мора да бидеме подготвени. Кога нашите навивачи се тука и ќе ја исполнат оваа сала тие се секогаш во форма и можеме да научиме нешто од нив. Извонредно е тука и едвај чекам да ја почувствувам таа атмосфера”, изјави Валтер.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Архус ќе се одигра на 25 октомври со почеток од 20:45 часот во спортската сала „Боро Чурлевски“.

Радовиќ: Во ваква атмосфера имаме што да покажеме против Архус