Бутел ќе го повлече дресот со број 9 во чест на Марко Божиновски

Бутел се уште е во шок од прераната смрт на нивниот млад ракометар Марко Божиновски кој ненадејно почина на почетокот на јуни. Клубот во негова чест сезонава на дресовите ги има иницијалите на младиот ракометар.

Веројатно и бројот со неговиот дрес ќе го повлечеме и ставен на почесно место во салата.

„Се уште сме во шок од тоа. Марко беше и ќе остане дел од ова наше семејство. Ќе направиме се да остане сеќавањето на него. Ова е само дел од таа иницијатива. Клубот никогаш нема да го заборави“, изјави Александар Стефанов, спонзорот на клубот во интервјуто за 24Ракомет.

Прочитајте го целото интервју со Александар Стефанов…

ИНТЕРВЈУ АЛЕКСАНДАР СТЕФАНОВ: Со Бутел сакам да „скинеме“ бодови и од големите

СЦ Бутел, ЖРК Бутел – не е невозможно!