СЦ Бутел, ЖРК Бутел – не е невозможно!

Етаблирањето на РК Бутел меѓу најдобрите 4-5 екипи во Македонија и континуирано високиот пласман во домашната лига ги засилува и размислувањата за сопствен дома, па дури и за проширување на семејството со нова екипа.

Во интервјуто за 24Ракомет, спонзорот на Бутел, Александар Стефанов потврди дека има желба, идеи иразговори за создавање на СЦ Бутел кој би требало да биде место на многу спортови во тој дел од градот. Сите клубови би добиле уште подобро услови за тренирање и играње.

„Идеи има, сме разговарале. Ние сме релативно млад клуб. Зошто да не, па дури и еден спортски центар „Бутел“ кој ќе понуди и други активности. Би било добро, за остварливо не е дека не е остварливо, желба има. Се тоа би придонело за развој на сите спортови. Но, засега се е само желба, идеја, разговор, вели Стефанов.

Иако машкиот ракомет секогаш е поатрактивен, но многумина сметаат дека полесно е со женска екипа да се направат резултати. Малку екипи имаат и машка и женска екипа. За Бутел тоа не е неостварлива идеја.

„Кога тргнавме во приказната и да решивме да влегуваме со ракомет со клуб знаевме дека одиме со машка екипа. За женска екипа, нема да кажам дека не е разговарано. Можно е, не е исклучиво. Сепак засега нема многу да откривам“.

Прочитајте го целото интервју со Александар Стефанов…

ИНТЕРВЈУ АЛЕКСАНДАР СТЕФАНОВ: Со Бутел сакам да „скинеме“ бодови и од големите