Бутел Скопје го повлече дресот со број 9 во чест на Марко Божиновски (ФОТО)

Тимот на Бутел Скопје на крајот од минатата сезона остана без прерано починатиот Марко Божиновски. Во негова чест, дресот со бројот 9 е повлечен од употреба и никој во иднина нема да носи дрес со таа бројка.

Во салата во Бутел каде клубот ги игра своите натпревари, дресот е веќе на местен на средината на игралиштетот во горниот дел.

„Засекогаш ќе биде во состав…“, напиша тренерот на Бутел, Кристијан Грчевски, на социјалните мрежи.

Ракометарите на Бутел Скопје оваа сезона играат со дресови на кои се испишани иницијалите на поранешниот младински репрезентативец и бројот 9.

Можноста да се повлече дресот со бројот 9 со кој настапуваше Божиновски ја најави и спонзорот на клубот Александар Стефанов уште на почетокот на септември во интервјуто дадено за 24ракомет.

Бутел ќе го повлече дресот со број 9 во чест на Марко Божиновски