Бутел Скопје го одработи првиот дел од подготовките, прв предизвик ќе биде Струшкиот турнир

Ракометарите на Бутел Скопје изминатава недела беа во Пехчево, каде што беше одработен дел од подготовките пред стартот на новата сезона, во која ги чекаат настапи на три фронта.

Пред стартот на домашниот шампионат, кој ќе започне на 3/4 септември, ракометарите на Бутел Скопје ќе учествуваат на јубилејното 50. издание на Струшкиот турнир.

Избраниците на Кристијан Грчевски на турнирот во Струга ќе играат во група заедно со Вардар, Алкалоид и словенечкиот претставник Целје.

Бутел Скопје освен на домашна сцена, ќе учествува и во Лига на Европа, откако изминатата сезона клубот го оствари најголемиот успех освојуваќи ја 3. позиција во македонската елита.