Бутел Скопје ги дозна можните противници во ЛЕ – може да игра против Лемго, Шамбери, Нексе…

Екипата на Бутел Скопје, која настапите во второто по ранг квалитетно европско натпреварување ќе ги започне од втората фаза, со оглед на можните ривали, ќе има сериозен предизвик.

По завршувањето на првата фаза од Лига на Европа, познати се сите можни ривали на избраниците на Кристијан Грчевски. Бутел се наоѓа во првиот шешир пред ждрепката, која е закажана за утре со почеток од 11:00 часот.

Иако Бутел се наоѓа во првиот шешир, сепак, како ривали може да ги добие Шамбери од Франција, амбициозниот Ференцварош од Унгарија, бундеслигашот Лемго или можеби австрискиот вицепрвак Алпла Хард, кој го елиминираше Еурофарм Пелистер 2 во првото коло.

На листата на можни ривали се и Нексе Нашице, Кристијанштад, ѕвездениот тим во обид – Колстад од Норвешка, дански Силкеборг, Амичитија Цирих, Агуаш Санташ од Португалија и екипата на Квиџин од Полска.

Натпреварите од втората фаза ќе се играат на 27 септември и на 4 октомври. Групната фаза, во која се наоѓа и Еурофарм Пелистер, ќе стартува на 25 октомври.

Лига на Европа, второ квалификациско коло:

шешир 1: Бутел Скопје, Фленсбург, Бидасоа Ирун, Гепинген, Спортинг Лисабон, Монпелје, Скандерборг Архус, Азоти Пулави, Бенидорм, Веспрем ККФТ, Стеауа Букурешт, Белененсес

шешир 2: Савехоф, Алпла Хард, Ференцварош, Шамбери, Кристијанштад, Силкеборг, Колстад, Лемго, Нексе Нашице, Амичитија Цирих, Агуаш Санташ, Квиџин