Бундес лигата заврши, но ракометарите се фрлија на работа – како се тренира во корона време (ФОТО)

Раководството на Бундес лигата долго време одолеваше и чекаше да смири ситуацијата со ширењето на коронавирусот, сепак минатата седмица реши да ја заврши лигата и да го прогласи тимот на Кил за шампион.

Иако нема да има повеќе натпревари, сепак ракометарите ќе имаат тренинзи во претстојниот период.

Прв со работа започна тимот на Рајн Некар Левен, во кој имаше дури седуммина ракометари на коронавирус, плус тренерот Мартин Швалб.

Сепак сите се изборија со вирусот и им се вратија на секојдневните обврски во сала, но со дополнителна опрема за заштита.