Будуќност се договори со најголемиот талент во рускиот ракомет

Управата на шампионот на Црна Гора, Будуќност периодов е многу активна околу формирањето на ростерот за наредната сезона.

Откако потпишаа договори со Андреа Лекиќ и бразилската голманка Барбара Аренхарт, последното засилување кое ќе се приклучи на Будуќност во летото 2020 е Русинката Валерија Маслова.

Маслова е млада ракометарка, има само 19 години и се смета за една од најголемите таленти на Русија. Таа потпиша две годишен договор со екипата која е постојано во европскиот врв и кандидат за учество на фајнал-форот во Лигата на шампионите.

Таа настапува на десната бековска пизиција и не може да се наметне во Ростов Дон покрај Ана Вјахирева, па се чини дека Будуќност е идеална средина за минутажа и развој на кариерата.