Будуќност нема конкуренција, освои дупла круна во Црна Гора

Ракометарките на Будуќност се израдуваа на нова титула во Црна Гора. По освоениот Куп, Будуќност ја освои и титулата во домашното првенство.

Овој пат, избраничките на Бојана Поповиќ беа убедливи во финалниот натпревар за првото место против Левалеа со 28:19.

Ривалот на Будуќност се покажа во добро светло, но мораше да се задоволи со сребрениот медал. Првиот натпревар помеѓу двете екипи заврши со резултат 29:20 за екипата на Будуќност.

По елиминацијата во Лигата на шампионите, Будуќност беше посветен за последните натпревари од домашниот шампионат. Без многу конкуренција и лесна задача, Будуќност успешно ја заврши сезоната на домашен план.