БРОНЗА ЗА КРАЈ: Црногорската лавица Јованка Радичевиќ се прости од националниот дрес!

Десното крило Јованка Радичевиќ ја заврши репрезентативната кариера на преубав начин во Љубљана.

Со триумфот над Франција во мечот за третото место на ЕП, Радичевиќ додаде и бронзен медал во својата богата колеција.

Таа беше најдобра на теренот заедно со Ѓурѓина Јауковиќ и постигна шест гола од седум обиди против олимпискиот првак.

На 193 репрезентативни натпревари одиграни досега во кариерата, Радичевиќ постигна 1109 погодоци.

Некогашната членка на Вардар, а сегашна на словенечкиот Крим, во колекцијата има и сребро од ЕП 2012, како и злато од ОИ истата година.

Јованка Радичевиќ, ЕХФ ЕУРО2022, Скопје, СЦ„Борис Трајковски“

Црна Гора е бронзена на ЕП!