Браќата Илиевски со нова европска задача – ќе судат на ЕХФ шампионатот во Романија

По ЕХФ шампионатот во Македонија минатото лето, квалификацискиот турнир за женското кадетско ЕП и Медитеранските игри, македонската судиска двојка Михајло и Методија Илиевски доби ново делегирање од ЕХФ.

Браќата Илиевски од понеделник ќе бидат активни на теренот во романскиот град Крајова, каде што се игра еден од трите ЕХФ шампионати за кадети.

Освен домаќинот Романија, на овој ЕХФ шампионат ќе играат Австрија, Укрина, Словачка, Естонија, Финска, Молдавија и Велика Британија, а победникот обезбедува место на младинското ЕП 2024 и кадетското СП 2023.

Методија и Михајло од лани добија ЕХФ значка и покрај репрезентативните натпревари, судеа и на многу мечеви во Европскиот Куп во машка и женска конкуренција.