Брауновиќ: Фаворити сме во Скопје, но во КЛ 7 ќе бидат максимално мотивирани

Екипата на Охрид која во минатата сезона имаше одлични игри во регуларниот дел во новиот шампионат влага со зголемени амбиции, а на стартот гостува во Скопје.

Денеска во Охрид беше одржан прес на кој беше дадено видување и соопштени очекувањата од овој дуел со кој се отвора сезоната, но и преносите на МТВ.

„Не знаеме многу за противникот, но сигурно е дека ракометарите на КЛ 7 ќе имаат голем мотив на стартот од сезоната да извлечат позитивен резултат против нас. Факт е дека на овој натпревар влегуваме како фаворити, но имаме обврска сето тоа да го потврдиме на теренот каде што мора да бидеме максимално концентрирани од првата до последната минута“, вели голманот на Охрид, Јагош Брауновиќ.

Охрид важи за фаворит во групата А и не би требало да има поголеми проблеми за да се избори за пласман во плеј-оф рундата.