Братот на Игор Карачиќ со тешка повреда

Репрезентативецот на БиХ, Иван Карачиќ ќе биде надвор од терените во следните два месеци откако доби тешка повреда на зглобот на ногата.

Тој ја заработи оваа повреда на дуелот против селекцијата на Германија, а прегледите покажаа дека се работи за сериозна повреда поради која најмалку два месеци ќе мора да биде надвор од терените.

Тој се повреди на почетокот на второто полувреме при шут на гол. При скок тој имаше лошо доскокнување поради кое заработи и повреда на зглобот и мораше да го напушти теренот.

БиХ имаше водство од 14:11 после првото полувреме, но потоа во вториот дел од средбата работите тргнаа во негативен правец и средбата беше загубена со 21:25.

Ова е лоша вест не само за репрезентацијата на БиХ туку и за тимот на Макаби за кој настапува Карачиќ.