Бразил ја изненади Холандија, Данска подобра од Шпанија

Во рамки на ЕХФ неделата дел од репрезентациите играат контролни средби, а селекцијата на Холандија после вчерашниот пораз од Хрватска денеска загуби и од Холандија со 19:25.

Бразилките имаа одлично прво полувреме во кое ја создадоа предноста од шест гола и на паузата имаа водство од 15:9 кое го задржаа до крај. Веќе утре репрезентацијата на Бразил ќе има нов пријателски меч против Хрватска.

Данска не дозволи изненадување и славеше на дуелот против Шпанија со 30:26. Ракометарките на Данска го контролираа натпреварот и резултатот, на полувреме имаа предност од 16:14. Одиграа добро и во подолжението и остварија победа.

Утре почнуваат и бараж дуелите за пласман на Светското првенство. Македонија ќе игра со Романија во сабота во 17 часот на гостински терен.