Босна и Херцеговина немоќна и против Чешка

Репрезентацијата на Чешка оствари важна победа во дерби дуелот против БиХ со резултат 27:19 во натпревар од второто коло од групната фаза на ЕП.

Ракометарите на Чешка со високото ниво на одбрана, посебно во првата половина од првиот дел покажаа одлична партија против избраниците на Ивица Обрван. Репрезентацијата на БиХ имаше кризен период во првите десет минути, постигна само еден гол, техничките грешки започнаа да се зголемуваат, а водството на Чешка константно беше на четири до пет гола позитива.

Во последните десет минути, играта на Босанците беше подобра, и водството на Чесите, кое на моменти беше шест разлика, започна да се намалува. Ракометарот на Еурофарм Пелистер, Јосип Периќ беше единствениот расположен во босанскиот табор во првите 30 минути.

Сепак, ракометарите на Растислав Тртик не се опуштија премногу во завршниот дел од првото полувреме и на пауза заминаа со солиден резултат од 12:9.

БиХ во второто полувреме пропушти неколку шанси да се врати целосно во игра. Чешка секогаш успеваше да се одлепи на еден до два разлика и во последните десет минути рутински ја одработи својата задача. На речиси пет минути пред крајот, водството на Чешка беше плус шест, 24:18.

Членот на Еурофарм Пелистер, Јоспип Периќ натпреварот го заврши со три постигнати погодоци.

Денешниот пораз за Босанците беше втор, додека освоената победа на Чешка прва на Европското првенство. Во последното коло од групната фаза, БиХ ќе се соочи со Шпанија, додека Чешка оди на мегдан против Шведска.

15 јануари 2022
27 - 19
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
15 јануари 2022 20:19 EURO22 E 2021/2022 15.01.2022 60'

Место

„ОНДРЕЈ НЕПЕЛА“ БРАТИСЛАВА

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
ЧЕШКА1227Победа
БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА919Пораз

ЧЕШКА

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Томаш Мркваголман00
2Јакуб Хрсткалево крило00
3Роман Бечварцентрален бек00
5Мирослав Јуркадесно крило00
7Томаш Пирохдесен бек03
17Станислав Кашпарекдесен бек03
19Томаш Бабакцентрален бек03
21Томаш Чипдесно крило03
23Леош Петровскипивот12
26Марек Ванчолево крило13
31Матеј Клималев бек08
32Војтех Пацеллев бек10
34Доминик Солаклев бек02
37Јан Ужекпивот10
71Шимон Мизераголман00
96Вацлав Францпивот00
 Вкупно 427

БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Небојша Бојиќголман00
2Милан Вукшиќцентрален бек00
4Јосип Периќцентрален бек03
5Мирко Херцеглев бек13
8Сењамин Буриќпивот22
11Един Клислев бек00
12Бењамин Буриќголман00
14Мирсад Терзиќлев бек00
15Адин Фаљиќпивот00
18Иван Карачиќцентрален бек00
21Владимир Врањешпивот12
23Дино Хамидовиќлев бек05
25Марко Лукиќцентрален бек11
27Драган Шољиќпивот00
30Енес Кешкиќлево крило01
32Владо Драгниќлево крило02
 Вкупно 519

ЕП 2022, ГРУПА Е – ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ.
1ШВЕДСКА33006
2ХОЛАНДИЈА32014
3ГРУЗИЈА31022
4БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА30030