Борец го скрши отпорот на Партизан во вториот дел, бодовите останаа во Велес

Екипата на Борец на домашен терен го совлада Партизан од Гевгелија со 24:19 во последното коло од плеј-аут групата во Првата лига. Ракометарите на Партизан со двата гола на Димитар Узунчев отворија со водство од 0:2, но составот на Борец брзо се врати во игра и израмни на 4:4 во текот на 13. минута.

По петнаесетина минути игра, Борец дојде и до два гола предност, 6:4 и успеа неколку минути да одржува контрола на самиот резултат. На спротивната страна се разиграа Узунчеви и со нивните голови, Партизан по 30. минути игра имаше предност од три гола, 8:11.

Второто полувреме донесе неизвесна борба на теренот. И двете екипи постојано се менуваа во водство, а во текот на 45. минута резултатот беше 15:15. Во последните десет минути, Борец влезе со предност од два разлика, 18:16 и успеа до крајот да ја зголеми разликата на плус пет и со победа да ја заврши оваа сезона во Првата лига.

Предводник во Борец беше Кире Мачавелов со седум гола, додека во составот на Партизан, Ѓорѓе Банцалиски беше прв стрелец со осум гола.