Бонавентура: На ракометарите не им е важно дали судиите се мажи или жени, важно е да се квалитетни!

Добро познатите француски судијки, сестрите Шарлот и Жули Бонавентура, освен на женските натпреварување ја делат правдата и на дуели во машка конкуренција.

Тие се дел од скоро сите големи ракометни настани, а се очекува да бидат дел од Олимписките игри во Токио. Во интервју за официјалниот веб сајт на игрите, Шарлот Бонавентура говореше за односот со ракометарите и односот со нив.

„Со сите се однесуваме исто, било да е тоа Карабатиќ, Хансен или некој друг. Ако додека тие играат и не размислуваат за нас тоа значи дека нè прифаќаат нас и нашата улога. Ова е тоа што го сакаме. Не сме активни на социјалните медиуми и не ни е гајле што пишуваат луѓето. Да се биде најдобар или оригинален не е лесно, исто така тоа е потврда дека го достигнавме највисокото ниво во Франција. Тоа не е затоа што сме жени, туку заатоа што сме успешни. Мислам дека на огромно мнозинство од ракометарите не им е важно дали судијата е маж или жена. На нив само им требаат навистина квалитетни судии“, рече Шарлот Бонавентура.

Сестрите Бонавентура во текот на својата кариера имаа многу контроверзни одлуки но и понатаму се сметаат за едни од најдобрите судиски парови и се појавуваат на големинте натпреварувања.